ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од Државниот инспекторат за животна средина спроведоа контролен увид на депонијата „Буково“ (Фото)

Скопје/Охрид, 9. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информираат дека е спроведен контролен увид на депонијата„Буково“.

– Контролен увид од ДИЖС на нестандардна депонија „Буково“, охридско. Финализирање на гаснење на опожарените делови од страна на ЈКП „Охридски Комуналец“ по што следи активност за покривање со земја во текот на викендот, информираат од инспекторатот.

Погледнете како изгледа депонијата во моментов.

May be an image of outdoors

May be an image of outdoorsMay be an image of outdoors

На 27-ми август 2021 година, од страна на инспекторатот беше извршен контролен инспекциски надзор по претходно издадено Решение на ЈП „Охридски Комуналец“ – депонија „Буково“, Охрид каде што правниот субјект беше задолжен да ја изгаси депонијата и континуирано да ја прекрива со земја. Тогаш беа изречени нови втори санкции (глоби) за правното лице во висина од 6.000 евра и 800 евра за одговорното лице, обете во денарска против вредност. (Крај)

извор: ДИЖС фото: ДИЖС

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука