Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Фестивалот „Охрид фест 2021“ ќе се одржи без публика и награди, ќе се емитува одложено

Скопје/Охрид, 9. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Советот на фестивалот „Охрид фест 2021“ упатува најдлабоко сочувство до семејствата на починатите по трагедијата во Тетово.

– Сочувствуваме со нивната болка. Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10-ти и 11-ти септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на „Долни Сарај“, нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост. Ова е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи изведувачите од целиот Балкан се пристигнати, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука