Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Ноќ за паметење: Годишен концерт на Ансамбл Билјана

Охрид, 8. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во предворјето на катедралната црква Света Софија во Охрид, синоќа, по девети пат се одржа традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охрид.

Гости на годинешниот концерт беа естрадниот уметник Наум Петрески и градскиот мешан хор Vox Lychnidos од Охрид.

Ансамблот Билјана како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување а воедно и унапредување на музичката традиција.

– Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес. Настанот ќе биде во духот на охридската градска песна, а реномираните гости ќе придонесат овој настан да биде во полн сјај, порачуваат организаторите.

Поради ситуацијата со Covid 19 вирусот настанот се одржа со половичен капацитет на просторот и поччитување на сите протоколи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Love & Life Studio – Емил Јовановиќ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука