Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Владимир Четкар ќе одржи концерти во Кливленд, Детроит и Чикаго, САД

Кливленд/Охрид, 10. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од една година поради светската пандемија со Covid-19, Владимир Четкар оваа сабота, на 11-ти септември ќе го одржи својот прв концерт во Америка и тоа во Кливленд, Охајо во популарниот џез клуб „BOP STOP at the music settlement“ кој врвниот медиум за џез музика All About Jazz го прогласи за еден од најдобрите џез клубови во светот.

Наредниот викенд, охриѓанецот Четкар го очекуваат уште два концерти и тоа во Детроит, Мичиген на 18-ти септември во „Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall“ и на 19-ти септември во Чикаго, Илиноис во „Skadarliya“.

– На трите концерти Владимир Четкар ќе се претстави со својата авторска музика, а ќе го придружуваат некои од најталентираните џез музичари од поновата генерација во мидвест Америка, информираат од тимот на Четкар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука