Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Струга-Ќафасан, повреден малолетник од Албанија кој управувал возило

Струга, 11. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти септември 2021 година, во 08.00 часот во Струга на магистралниот пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 16-годишен малолетник од Република Албанија, и товарно моторно возило „Сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од страна на 63-годишниот Б.О. од Велес. По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица во Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука