Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријавен пожар во возило на улицата „7-ми ноември“

Охрид, 12. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти септември 2021 година, во 20:20 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар на возило кое се движело по улицата „7-ми ноември“ во Охрид, во кој, нема повредени лица.

– Од извршениот увид, констатирано е дека, пожарот настанал во патнички автомобил „Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала 47-годишната А.Р. од охридското село Велгошти. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука