COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

464 нови случаи на Covid-19, 21 новозаболени и 3 починати лица од Охрид

Скопје, 12. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, при што се регистрирани 464 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 225
• Куманово 42
• Струмица 35
• Штип 27
• Велес 24
• Охрид 21
• Прилеп 15
• Тетово 10
• Свети Николе 8
• Кичево 7
• Ресен 6
• Кавадарци, Кочани и Кратово по 5
• Гостивар, Битола, Дебар и Виница по 4
• Радовиш и Крива Паланка по 3
• Струга и Неготино по 2
• Гевгелија, Македонски Брод и Дојран по 1

Пријавени се 23 починати лица: 11 починати лица од Скопје (47, 55, 61, 78, 78, 79, 79, 81, 81, 81 и 83 години), по 3 починати лица од Охрид (40, 68 и 75 години) и Струга (45, 67 и 77 години), 2 починати лица од Велес (60 и 73 години) и по едно починато лице од Тетово (62 години), Куманово (54 години), Кичево (72 години) и Македонски Брод (73 години). Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 435 оздравени пациенти од:

• Скопје 183
• Гостивар 43
• Куманово 27
• Струмица 22
• Битола 20
• Кичево 19
• Штип 15
• Свети Николе 13
• Кавадарци 11
• Прилеп 10
• Велес и Кочани по 8
• Ресен и Богданци по 7
• Делчево 6
• Неготино 5
• Радовиш и Кратово по 4
• Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица по 3
• Берово, Крушево и Македонски Брод по 2
• Пробиштип и Демир Хисар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука