Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ подобри од Тиквеш на стартот на новата сезона

Охрид, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари со победа ја стартуваа новата суперлигашка сезона.

Во првото коло на домашен терен го совладаа кавадаречки Тиквеш со 29-24 (13-9), а „гладијаторите“ имаа водство во текот на целиот меч.

На особена радост на вљубениците во ракометот, по година и пол пауза, публиката се врати на трибините во салата „Билјанини извори“.

Во следното коло ги очекува „езерското“ дерби што го играат на гости во Струга, по што ќе следи мечот против Вардар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука