Избор Култура ТОП ВЕСТИ

В петок 33-то издание на Охридски староградски средби

Охрид, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок, 17-ти септември ќе се одржи 33-то издние на фестивалот Охридски староградски средби 2021.

Ќе настапат 8 пејачки ансамбли од Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Штип, Кавадарци и Радовиш. Градот домаќин ќе го претставуваат градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и фолклорниот ансамбл „Бисери“.

Фестивалот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот, согласно здравствените препораки и протоколите за организација на јавни настани со почитување на мерките за заштита од COVID-19.

Можно е да е слика од текст кој вели „HY центар за куλтура "григор прличев"- охрид 33. охридски староградски средби 2021 петок, 17-ти септември 2021 година настап на учесници *градски хор вокс лихнидос охрид *куд рацин кичево *група акустико- кавадарци *куд илинден битола *зг“ градски Xop штип 2019 штип *куд пере тошев прилеп *распеани радовишани радовиш *фа бисери охрид ይ.ሃลeงน516 место: ну центар за култура "григор прличев" охрид, пред платото почеток: 19:00 часот, влез слободен националнаустанова ригорпрличевохри северна македонија министерство култура општина охрид“

Учесниците ќе настапат со староградски песни, давајќи придонес во продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.

Програма:

1. Градски хор Вокс Лихнидос – Охрид
– Дај Дуни
-Елено ќерко
2. КУД Рацин – Кичево
– Нико Нико Меанџико
– Саноќ ле Наде
– Седнав да вечерам
3. Вокално Инструметална група Акустико -Кавадарци
– Во ноќта тивка
– Моме тиквешанче
– Тури Пацо
4. КУД Илинден -Битола
-Сценка Адаптација – Битолски градски игри
со ора и песните – пилето ми пее – Ацано млада невесто
– Ми е мерак да си умрам Гени Мале
5. ЗГ Градски хор Штип 2019 – Штип
– Мојата Серенада
– Дончо Штипјанчето
– Ново Село кај П’џите
6.КУД Пере Тошев – Прилеп
– Што ми е мило мило ем драго
– Праша ли Тинке мајка ти
– Мори чупи Костурчанки
7. Вокално инструментален состав Распеани Радовишани – Радовиш
– На градот мој на Радовиш
– На срце ми… На срце ми….
– Сите се мене запејте
8. ФA Бисери – Охрид
– Сношти поминав заминав
– Давај ме мила мамо
– Софиско оро

Фестивалот Охридски староградски средби значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука