Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC, од 17-ти до 24-ти септември ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Кленоец“

Охрид, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради одржување на претстојната Меѓународна вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември 2021 година, ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарна и тоа во периодот од 17-ти до 24-ти септември.

– Се молат сите учесници во сообраќајот за одбегнување на овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука