Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казнети 12 возачи во Охрид поради недозволено претекнување

Охрид, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти септември 2021 година, во периодот од 15:00 до 20:00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 23 возачи на патнички моторни возила кои, претекнале други возила на места каде е забрането престигнување (Охрид 12, Струга 4, Кичево 4 и Дебар 3).

– Сообраќајните контроли кои континуирано се преземаат, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука