ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Управа за извршување на санкции: Зоран Милески- Кически е преместен од отвореното во полуотвореното одделение во Затворот Струга

Скопје/Струга, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата ја извршување на санкции ја информираат јавноста дека осуденото лице Зоран Милески- Кически е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга.

– Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија. Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи, потенцираат од Управата за извршување на санкции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука