АМСМ: Поради минирање, денеска од 11:00 до 14:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Охрид, 14. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности (минирање, бушење на косини на пат во двата правци) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Песочан, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот, информираат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |