Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поставени осум смарт телевизори во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец

Охрид, 14. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со успешно реализирање на проект поддржан од „Macedonia schools project“, ООУ „Ванчо Николески“ набави осум смарт телевизори за опремување на исто толку училници во централното училиште во Лескоец.

– Телевизорите ги имаат потребните перформанси за современа настава и со примена на истите значително ќе се подобри квалитетот на наставата, а воедно нашето училиште соодветно ќе одговори на новите предизвици на дигиталното општество. Одговорен тим за реализација на овој проект се: педагогот Весна Терзиоска, наставникот по информатика Горан Матески, директорката Елена Ел Нади, а во поставувањето на телевизорите соодветна поддршка даде и хаусмајсторот Дарко Лолески, информираат од училиштето.

ООУ „Ванчо Николески“ веќе 14 години соработува со здружението „Macedonia schools project“ пришто се набавени многу нагледни средства, а реализирани се и бројни проекти за подобрување на условите за работа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ООУ „Ванчо Николески“ 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука