ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Водостојот на Охридското Езеро и натаму опаѓа, ја достигна природната кота

Охрид, 14. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро продолжува да опаѓа и ја достигна природната кота.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,17 м.н.в, што е за 16 сантиметри под просекот за септември (693,33 м.н.в) и за само 7 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Можно е да е слика од текст кој вели „аземлоделство управа работи- (споредба табела реките природните езера претходниот ден тенденциа наредниот ден) 14.09.2021 cm измерени водостои прикажани река легуновце вардар вардар 07:30 -20 велес 14.09.21 15.09.21 -19 72 вардар просек септември 35 лепенец -11 36 80 10 43 бана- к.паланка к.река бабуна брегалница 10 42 н.село 10 16 река m1 28 35 26 = -радика 28 =1 847.60 ез.охрид 842.14 693.18 = гемператури 693.1 вода 843.77 = охрид -ез.охрид 693.33 Bodocmojom 20.5 преспанско езеро охридско зеро "наколец" (CM) (CM) минимум в.д директор, муртезанов нивна бработка корекција лијание“

И додека во минатото имаше случаи кога беше надмината и максималната кота од 693,75 м.н.в, сега повторно состојбата е алармантна бидејќи водостојот се доближува до минимално дозволеното ниво. Ваквата состојба трае веќе подолг период и пред сé се должи на долгиот сушен период, без врнежи од дожд. На почетокот на август котата на езерото беше на 693,42 м.н.в.

Температурата на езерската вода е 20,5 степени и е за 0,4 степени пониска од просекот за септември.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.

– Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела и особено во сабота ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука