Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно одложена премиерата на претставата „Крик за љубов“

Охрид, 14. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради подготовка на нов проект со режисерот Сашо Миленковски, повторно се одлага премиерата на претставата „Крик за љубов“, која по одложувањето поради прогласените Денови на жалост поради трагедијата во модуларната болница во Тетово, беше закажана за четврток, 16-ти септември 2021 година.

Со претставата, која е во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид требаше да ја започнат новата сезона.

– За точниот термин на оддржување на претставата, јавноста ќе биде дополнително информирана, а билетите ќе важат или истите можат да се заменат на билетарата при Центарот, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука