ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Младиот Алвин Цедер Ристески, со потекло од Охрид повторно првак на Шведска во Ендуро моторцикли до 18 години

Охрид, 14. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – 17-годишниот Алвин Цедер Ристески, повторно е првак на Шведска во трки со Ендуро моторцикли, во класата до 18 години.

Алвин веќе трета година по ред е најдобар возач во оваа класа и важи за голем талент пред кој е светла иднина.

Тој има македонски корени преку неговиот татко Јане Ристески, кој е по потекло од Охрид, поточно од Долно Лакочереј.

Повеќе детали за Алвин на неговата страница на Facebook Ceder Racing. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука