ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожарот на Јабланица ставен под контрола, нема опасност за куќите

Струга, 16. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот што трет ден е активен на планината Јабланица, во близина на селото Вишни, е ставен под котрола, информира командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга Фети Мазари.

На терен, како што изјави за МИА, била една екипа со противпожарно возило и тројца пожарникари, како и две екипи на шумското претпријатие „Јабланица”.

Теренот е непристапен има многу гранки и екипите неможат да стигнат, сега е само под котрола. Далеку е од селото и непостои опасност за зафаќање куќи, појасни Мазари, посочувајќи дека вчера побарале помош од ЦУК за воздушно пристапување и гасење на пожарот.

Меат Куртиши командир на смена во ТППЕ Струга, посочи дека пожарот најверојатно е почнат од полето, зафатил сува трева и борова и дабова шума.

Тоде Малески од Центарот за управување со кризи од Струга истакна дека чекаат најнови информации за состојбата на терен за натамошно делување. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука