Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Горан Папаз сними видео запис за новата песна „Кога љубов имам“ (Видео)

Охрид, 21. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот македонски саксофонист Горан Папаз сними видео запис за неговата најнова песна „Кога љубов имам“.

Песната е работена заедно со продуцентот и композитор Гоце Симоноски, а е снимена во студиото LCV Production на Лазар Цветкоски. Музиката е на Горан Папаз, а аранжманот е на Гоце Симоноски. Се работи за ведра тема во која се појавуваат и женски вокали.

– Инспирацијата за „Кога љубов имам“ е љубовта кон се што е околу нас т.е. се што не опкружува а не прави среќни. Видеото е снимено и режирано од страна на Ѓоле Наумовски од охридската Мега Продукција. Снимањето траеше два дена и е снимено на две локации. Како главен протагонист во видеото се појавува моделот Емилија Малезан, потенцираат од тимот на Папаз. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Горан Папаз

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука