Избор Култура

„Жена ми се вика Борис“ на „Солза и смеа“ утре ќе се прикажува во Струга

Струга, 22. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга утре со почеток во 20:00 ќе гостува Драмското студио „Солза и смеа“ од Битола.

Драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано на 7 февруари 1996 година во Битола. Како аматерско студио кое работи и функционира во рамките на Центарот за култура во Битола, ја има и првата премиера за претставата „Лонг плеј“. Неколкуте години активна работа го креваат нивото на студиото и претставите почнуваат да бидат се повеќе посетени. Со неколку падови и воздигнувања, и неколку променети жанрови, низ Солза и Смеа поминале неколку генерации на актери и режисери кои денес професионална се занимаваат со тоа низ театрите во Македонија и надвор од неа.

„Солза и Смеа“ денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство, каде театарот има земено учество. Доказ за тоа се големиот број на награди и пофалби низ фестивалите, како и успешната турнеја во Австралија во 2011 година.

Актерите ќе ја изведат популарната комедија „Жена ми се вика Борис“. Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 20:00 часот. Влезници е ќе бидат по цена од 120 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука