Квалитетна музика и забава на едно место – дневна забава со Кадмо Бар и Супер радио
Охрид, 23. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Своето попладневно кафе овој викенд охриѓани ќе го дегустираат во објектот на Кадмо бар, каде во соработка со Супер радио, ќе се одржи уште една одлична дневна забава.
Забавата започнува од 14:00 часот, а ќе трае до 15:00 часот, а ќе биде пренесувана во живо на Супер радио на 97 ФМ, додека преку интернет во живо ќе може да се слуша на www.superradio.com.mk.
Тимот на Супер радио и Кадмо бар ќе понудат музика, весело друштво, пријатна атмосфера и сите неодоливи пијалоци, топли и ладни, алкохолни и безалкохолни, кои ги нуди Кадмо бар. Музика ќе пушта ДЈ Јане, за техничката поддршка ДЈ Реџи Рулс, а водителка е Александра Алексијевска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |