Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридски Cleanex Professional го прославува 8. роденден

Охрид, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот „Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално“, охридски Cleanex Professional денеска го прославува 8. роденден.

15-ти октомври – ден за добро расположение, веселба, потсетување на сé што постигнавме минатата година и подготовка за она што го планираме до следниот роденден, вели првиот човек на компанијата Дарко Симоноски.

– Минатиот 15-ти октомври, во духот на роденденската прослава, ветивме дека и во иднина ќе продолжиме да го поставуваме стандардот на добро работење во областа на хигиенските и вешарајски услуги. Ова ветување верно го одржавме. Со секој нов ангажман, ја зацврстивме нашата присутност во охридско-струшкиот регион, стекнавме нови задоволни клиенти кои пак со топла препорака ни донесоа и нови, посериозни и далеку поголеми проекти. Сепак, еднакво сме благодарни како на големите имиња со кои остваривме соработка, така и на секое одделно домаќинство кое ги ангажираше нашите услуги. Сите кои секојдневно ни укажуваат доверба, нé носат чекор поблиску до остварување на целите кои си ги поставивме уште во моментот на нашето основање, а кои ги зголемуваме и збогатуваме со секој нареден роденден, вели Симоноски.

Услугите на Cleanex Professional опфаќаат: сезонски генерални чистења на домови и деловни простории, тековно одржување канцеларии и други објекти, чистења по градежни активности, машинско чистење подови, технологија за перење на големи површини теписи кои не е возможно да се отстранат од местото, чистење стакла на недостапни површини, целосни вешарајски услуги за сите домови и сместувачки капацитети, хотели, мотели, апартмани со бесплатно подигнување и достава од врата до врата, користејќи врвна технологија и сертифицирани еколошки хемиски средства.

– Во духот на напредокот, во оваа прилика најавуваме и нова услуга за која наскоро подетално и нашироко ќе информираме. Крајно, особено сме горди на нашиот тим, кој опстојува пред секој предизвик и силно и лојално покажува зошто сме најдобри, додава Симоноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука