Охрид, 1. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По завршување на вториот изборен круг, течат роковите за поднесување приговори.
До Општинската изборна комисија (ОИК) во Охрид досега не се поднесени приговори ни од граѓани, ни политички партии, вели Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК. Излезноста на ниво на општина Охрид во вториот круг е 59,31%, што е за околу 3,5 поголема во спордба со првиот круг.
– После вчерашниот изборен ден имаме неофицијални податоци, официјални ќе станат кога ДИК ќе ги потврди. Излезноста во рамки на Охрид е 59,31%. Од запишаните 52.477, на гласање излегле 31.122 граѓани. Неофицијално, од излезените, 32,38% гласот го дале за Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, додека 25,13% гласале за Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, потенцира Васојевиќ.
Во вториот изборен круг имало 941 неважечко ливче, приближно исто како и пред две недели, а останале 21.355 неупотребени гласачки ливчиња. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива