Охрид, 1. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Јас, не дојдов да давам оставка кога ќе се изгуби. Кој може да ме следи, добредојден е. Не ми е прв пат да се борам. Јас не калкулирам и не сум од интерес.
Ваква порака испрати вечерва преку неговиот профил на Facebook првиот човек на ОО на СДСМ од Охрид Науме Чакар Јованоски, по поразот на локалните избори на партискиот кандидат за градоначалник д-р Константин Георгиески и релативно слабиот резултат на советничката листа.
– Ја градев оваа партија со пот, крв и душа. Ќешки да има млади да не следат. Има многу луѓе на улица, еднаш ги остајв, втор пат нема. Ќе се борам за нив и со нив дур имам сила. Кој сака да ме следи добредојден е! На мака јунак бива, не во убајна. Јас убајна не видов, а за мака, исчеличен сум, порача Јованоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива