Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“

Охрид, 3. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, денеска во Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид се спроведе показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.

– Вежбата се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар а се реализира во координација со Дирекцијата за заштита и спасување чии претставници ја следеа практичната реализација. Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата за практично да се види како би реагирале наставниците и учениците во случај на елементарни непогоди, колку ефикасно би била спроведена безбедна евакуација, каква е координацијата со образовните центри туку и со другите фактори коишто беа инволвирани во реализацијата на оваа показна вежба, информираат од СВР Охрид.

May be an image of 3 people, people standing and outdoors

May be an image of one or more peopleДодаваат дека показната вежба треба да придонесе за изготвување на поефикасни планови, за подоследно, поцелосно и поефективно спроведување на мерките кои се предвидени при процес на евакуација. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: СВР Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука