ноември 4, 2021

Охрид, 4. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид продолжуваат со ЕКО акциите.

Последната е расчистување на депонијата кај патот за Рамне, од каде беше собрана поголема количина ѓубре.

– Скромна акција со околу 10 вреќи ѓубре собрани по патот за Рамне. На ова место е креирана депонија пред 30-тина години која е одржувана од рамненци а и други граѓани на Охрид и околијата. За комплетно истребување на ѓубрето ќе мора да се обединат повеќе здруженија на град Охрид кои заедно, сплотени, со здружени сили ќе се изборат против СРАМОТ на поедини наши сограѓани. Со денешната акција апелираме да се случи тоа што поскоро! Мотивирај! Обедини! Актувај! – порачуваат од „Енхелеус Лихнид“.

May be an image of 1 person, tree, nature and road

извор: „Енхелеус Лихнид“ фото: „Енхелеус Лихнид“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука