Охрид, 12. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид повторно активни во насока на грижа за животната средина.
Во текот на вчерашниот ден, во соработка со НП „Галичица“ ја расчистија неубавата глетка настаната кај еко училницата веднаш до базиликата Студенчишта.
– Ова место најчесто е собиралиште на средношколци и други млади лица кај кои ЕКО свеста не е доволно развиена. Дополнително се поставија и канти каде што ќе може одсега па натаму да се фрлаат остатоците од храна и пијалоци во излетничкото место, велат од „Енхелеус Лихнид“.
Здружението преку вакви акции поттикнува ѓубрето да се фрла во канта а не насекаде низ природата. Неодамна ја расчистија депонијата кај патот за Рамне, од каде беа собрани десетина вреќи ѓубре. (Крај)
извор: „Енхелеус Лихнид“ фото: „Енхелеус Лихнид“