Охрид, 20. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридската локална самоуправа со поддршка за ЕКО ентузијастите од Охрид, кои апелираат, но прават и конкретни акции за чистење и уредување на животната средина.
– Охрид изобилува со луѓе ентузијасти, волонтери, луѓе кои си го сакаат својот град. Меѓу другите таков пример се волонтерите од „Енхелеус Лихнид“, кои самоиницијативно спроведоа акција за чистење на дива депонија кај Метеoролошката станица. Денес, ЈП „Охридски комуналец“ на нивно барање, го подгина отпадот што волонтерите го имаа собрано на едно место. Едно големо браво за сите волонтери кои преку свој личен пример покажуваат како се сака Охрид, а ги уверувам дека сите ние заедно, Охрид ќе го направиме поубаво и почисто место, објави градоначалникот д-р Кирил Пецаков на неговиот официјален профил на Facebook.
„Енхелеус Лихнид“ и ЕКО-ФАП се вистински репрезенти на градот и со постојаните акции добиваат се’ поголема поддршка од охриѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива