ноември 20, 2021

Охрид, 20. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашната акција за чистење на ѓубрето кај месноста „Паднати борци“ за која добија силна поддршка и од охридската локална самоуправа, Здружението „Енхелеус Лихнид“ со нова ЕКО акција – денеска се чистеше плажата кај Извиднички центар.

– Денес Енхелејците повторно извршија акција кај плажата кај Извиднички центар во населбата Далјан. Непрекинато нашиот бисер се огрдува со несовесноста и не грижата на дел од граѓаните. Почитувани жители на Охрид, Ве охрабруваме со иницијатива „Граѓанин полицаец“. Секој граѓанин каде што ќе забележи било каде депонија да слика и да ја прати локацијата кај нас во порака, па ние ќе преземаме иницијативи да се исчисти истата депонија, порачуваат од „Енхелеус Лихнид“.

May be an image of outdoors

May be an image of outdoors and treeизвор: ОхридПрес фото: „Енхелеус Лихнид“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука