Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Распишани конкурсите за доделување на највисокото општинско признание, Наградата и Повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот

Охрид, 21. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ги распиша конкурсите за доделување на највисокото општинско признание, Наградата и Повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за општина Охрид. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на општина Охрид во Република Македонија и светот, во период од една година.

Наградата е една, а Повелба може да се додели максимум на пет добитници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука