Охрид, 25. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Дрвјата се воздухот и сенката и играта на нашите деца“, граѓанската иницијатива Охрид SOS денеска ќе одржи протест против сечењето на дрвата на улицата „Македонски просветители“ во центарот на Охрид.– Протест против сечењето на 62 децениски дрвја во Охрид. Ние сме никој и ништо, но ние сме сите, сите вие, сите ние. Доста се сечеа дрвјата во нашиот град, тие припаѓаат на нашите деца, тие треба да одлучуваат за нив, не се наши, не се на државните институции. Ние двајца ќе бидеме пред општината на бисерот Охрид, ќе се стационираме што поблиску до градоначалникот (дека се’ уште појма немаме каде му е канцеларијата) за да му/им кажеме дека очите ни се отворени! Стоп на силувањето на иднината и сегашноста на нашите деца! Дојдете ако ве засега! – велат од Охрид SOS.
Протестот е закажан од 12:00 до 14:00 часот пред општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес