ноември 25, 2021

Охрид, 25. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро го достигна минимално дозволеното ниво, откако речиси една недела беше на сантиметар над минимумот.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,10 м.н.в, што е пак за 16 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,26 м.н.в).

Температурата на езерската вода, измерена утрово е 12,5 степени, што е за 0,3 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство, управа работи- (споредба табела водостои прикажани реките природните езера претходниот ден тенденција наредниот ден) 24.11.21 07:30 егуновце вардар вардар cm измерени 25.11.21 42 69 45 34 66 велес д.капила- вардар 26.11.21 просек ноември лепенец 86 94 76 133 16 60 10 к.паланка бабуна брегалница 60 10 = н.село 23 црна река ≡ 30 82 50 28 -радика 74 -22 59 з.доран 98 в0 146.78 нд 146.78 842.11 842.11 693 температури 693.10 = 693.1 вода 843.75 1 охрид -ез.охрид 693.26 13.0 12.5 охридско зеро преспанско езеро Xc "наколец" 14 (CM) минимум 693. одобрил: в.д директор, муртезанов обработка корекција лизание“

Билјанините извори, една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина, над два месеци се без вода.

Алармантната состојба во која се наоѓа Охридското Езеро, идентична како сегашната, ни се повторува по една година. Ваков случај имавме и минатиот ноември, кога водостојот „падна“ и на 693,10 м.н.в, а речиси пола декември беше на еден сантиметар под минимално дозволеното ниво.

Нема достапен опис

Ноември 2020 година

Нема достапен опис

Ноември 2021 година

Во 2017 година езерското ниво се соочуваше со ваква слична состојба на низок водостој, за во 2018 година состојбата да биде дијаметрално спротивна, водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максиум (693,75 м.н.в.) кога достигна ниво и од 694,03 м.н.в.

Во Охрид денес претежно облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.

– Под влијание на влажен бран од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој во деновите од викендот ќе услови повисоки дневни температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука