
Камион се преврте кај аеродромот во Охрид
Охрид, 26. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Камион со странски регистарски таблички, што возел по влажниот коловоз, се преврте денеска во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Според првичните информации во незгодата нема повредени лица, а е причинета поголема материјална штета.
Истрагата ќе ги уврди причините за несреќата. (Крај)
извор: republika.mk фото: republika.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |