Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид во третото тримесечје од 2021 година со природен прираст од -48

Скопје/Охрид, 30. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Државниот завод за статистика ги објави податоците за бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година. Во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 % и изнесува 5.065.

Во Охрид во овој период регистрирани се 111 живородени и 159 починати лица, од кои 1 доенче. Статистички, во овој период во Охрид имаме природен пораст од -48. Склучени се 126 бракови, а регистрирани се 24 разводи.

На ниво на државата, бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 30.7 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7.209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува -2.144, што значи, за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11.7 % зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4 398 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 480 извештаи за разводите. (Крај)

извор: Државен завод за статистика фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука