
Награда за придонес за Завод и Музеј Охрид од Филозофскиот факултет Скопје
Скопје/Охрид, 1. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На вчерашната свеченост која се оддржа по повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, на НУ Завод и Музеј – Охрид му беше доделена награда за долгогодишен и исклучителен придонес за развојот на наставата и науката на факултетот.
– Свечениот настан се одржа во аулата на факултетот, а наградата ја прими директорот – м-р Мишко Тутковски, информираат од охридскиот Завод и Музеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Завод и Музеј Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |