
Пешачката зона на Кеј Македонија пренаменета за сообраќај поради реконструкцијата на „Македонски просветители“
Охрид, 1. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Делот од кеј Македонија што беше пешачка зона е пренаменет за сообраќај поради реконструкцијата на улицата „Македонски просветители“.
Па така делот на потегот од плоштадот до пресекот со улица „Ванчо Николески“ кај хотел „Палас“ сега е дозволен за сообраќај.
Според најавите, планирано е проектот да бида завршен за шест месеци. „Македонски просветители“ ќе има комплетно булеварско решение со двонасочна велосипедска патека, две пешачки патеки и секако две коловозни ленти кои што ќе се движат во двата правци.
Поради сеча на 60-на дрвја на улицата екологисти и граѓански активисти излегоа на протест пред општината и по социјалните мрежи со апел да запре штетата која се предизвикува со масакрот на дрвјата во центарот на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |