Скопје/Охрид, 1. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за култура во Владата на Република Македонија Ирена Стефоска најдоцна до следната недела ќе закаже состанок со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков за да разговараат за заедничките чекори во врска со заштитата на Охридски регион.
Таа на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање посочи дека институциите и на централно и на локално ниво имаат своја одговорност и оти мора сите заедно да работат за да се исполнат обврските пред УНЕСКО.
– Секоја од институциите, било на централно, било на локално ниво има своја одговорност, и ние мора заедно да работиме за да ги исполниме обврските, за кои сами сме предложиле пред УНЕСКО дека ќе ги исполниме, за да останеме на престижната листа на УНЕСКО. Од тие причини, Центарот за светско наследство УНЕСКО и Комитетот на членки ни дозволија уште две години, рече Стефоска.
Таа додаде дека во моментов заедно работат и со Албанија на стратешкиот план и конкретните чекори за заштитата на регионот, бидејќи како што посочи, заедно се обврзани да го заштитат.
Стефоска исто така дополни и дека во моментов се работи на Урбаниот план за крајбрежјето во Охрид.
-Тој план зависи и од планот за управување со Охридскиот регион. Тука ќе бидат ставени и условите за користење на крајбрежјето, и потоа кога оива ќе заврши ќе може да се зборува за концесиите. Се мора да е онака како што е пропишано. Никој не вели туризмот во Охрид да застане, додаде министерката Стефоска. (Крај)
извор: МИА фото: архива