
Во вторник 23-та традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“
Охрид, 5. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 7-ми декември 2021 година, членовите на Фото клуб „Охрид“ по 23-ти пат на својата традиционална изложба со 50 фотографии на слободна тема ќе се претстават пред своите сограѓани.
– Повелете во 18:00 часот во изложбениот салон при НУ Центар за Култура „Григор Прличев“ во Охрид и уживајте во прекрасните фотографии, потенцираат од Фото клуб „Охрид“.
На изложбата, која според правилникот на Фото Созујот на Македонија е од 3-ти ранг, ќе се презентираат 50 дела од 12 автори. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Фото клуб „Охрид“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |