Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Среда, 8-ми декември – „Св. Климент Охридски“, неработен ден за сите граѓани

Скопје/Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информираат дека 8-ми декември, среда, „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Свети Климент Охридски (роден во околу 840 година, починал на 27-ми јули 916 година во Охрид) е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква-ОА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука