Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре почнуваат свеченостите за одбележување на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид

Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од утре во Охрид започнуваат свеченостите по повод одбележување на празникот на заштитникот и Патрон на Охрид, Св. Климент Охридски.

Утре од 17:00 часот во концертната сала музички концерт ќе одржат учениците од ОМУ „Методи Патче”, а од 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото клуб Охрид. Свечената академија по повод 8-ми декември ќе се одржи во големата сала на општина Охрид од 19:00 часот.

Во среда, на 8-ми декември за 10:00 часот е закажан поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, а од 11:00 часот ќе има полагање свежо цвеќе на споменикот на патронот во основното училиште што го носи неговото име. Од 12:00 часот на градскиот плоштад ќе биде положено свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука