Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

За седум дена 21 новозаболен од сезонски грип во Охрид

Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Минатата недела, од 22-ри до 28-ми ноември на државно ниво се пријавени 63 случаи на сезонски грип.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 21 од нив се регистрирани во Охрид, 30 во Дебар, 10 во Тетово и по еден во Струмица и Скопје. Во однос на возрасната дистрибуција, по 22 лица се кај децата на возраст од 0-4 години и кај лицата на возраст од 15-64 години. Највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Кумулативно, од почетокот на сезоната, на државно ниво пријавени се 395 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е 2,1 пати повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во Охрид се регистрирани 75 лица.

Од 12-ти ноември досега вакцинирани се вкупно 45.909 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини, таа за сезонски грип и за COVID-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука