Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Опеница, повредени пет лица

Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти декември 2021 година, во 17:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Опеница, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени пет лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Тојота“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Битола, патничко возило „Фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(54) од струшкото село Делогожда, и товарно возило „Ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Република Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „Тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ и Општата болница во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука