Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Камион излета од патот во близина на охридскиот аеродром, втора сообраќајка на истото место за десетина дена

Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Камион излета од патот и се преврти денеска во близина на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 10:00 часот, кога камион со македонски регистарски таблички се превртело од засега непознати причини.

Неофицијално, во незгодата е причинета поголема материјална штета, а повреден бил возачот на камионот.

Сообраќајна незгода скоро на истото место се случи пред десетина дена кога се преврти камион со странски регистарски таблички. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука