Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Сенка од дим“, најновата песна на 15-годишниот музичар од Охрид Кристијан Танески

Охрид, 28. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – По „Vegas“ која ја објави кон крајот на април оваа година, „Сенка од дим“ е најновата песна на 15-годишниот музичар од Охрид Кристијан Танески – Kikster.

Текстот е на Кристијан, а песната е снимана во студиото на Стефан Николоски SN, кој се погрижи и за миксот.

– Кога имав 13 години за прв пат се сретнав со Hip-Hop културата, по што почнав да пишувам текстови и да рапувам. После 1 година, собрав храброст да ја објавам својата прва песна за која добив премногу поддршка од публиката. Од тогаш до денес постојано работам. Текстовите ги пишувам сам, додека матриците се изработени од страна на странски продуценти, вели Кристијан.

Супер радио и OhridPress продолжуваат да ги поддржуваат младите таленти во сите области, па во таа насока, слушнете ја „Сенка од дим“ на охриѓанецот Кристијан Танески – Kikster.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука