Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа на средношколските натпревари во претприемачки вештини

Скопје/Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сто и шеесет средношколци од прва до четврта година од различни струки од средните училишта во Охрид, Струмица, Крива Паланка и Тетово учествуваат на четири натпревари во претприемачки вештини кои во текот на ноември и овој месец ги спроведува организацијата „Џуниор ачивмент Македонија“ со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД и Фондот за иновации и технолошки развој.Натпреварот „Камп на иновации” е дводневен настан на кој учениците работат во тимови за да најдат одговор на актуелна тема. Учениците поделени во тимови, преку пристап до интернет и технологија, експертска помош од волонтери од бизнис-заедницата, го користеа своето знаење, применувајќи претприемачки вештини и тимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикот.- Преку учество на натпреварите во средните училишта „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, „Никола Карев“ во Струмица, „Ѓорче Петров” во Крива Паланка и „8 Септември” во Тетово, 160 ученици имаа можност да се запознаат со активностите на „Џуниор ачивмент“. Четириесет луѓе од бизнис-секторот имаа можност да помогнат со свои совети и експертиза, а учениците да се мотивираат да размислуваат проактивно и иновативно кон дадената тема и да понудат производ или услуга кој ќе придонесе кон поголема енергетска ефикасност, соопшти организацијата „Џуниор ачивмент Македонија“.Таа е член на светската мрежа Junior Achievement Worldwide и веќе петта година организира ваков тип натпревари, како и голем број обуки и работилници посветени на практична работа, претприемништвото и финансиска писменост кои може да ги зголемат вештините и компетенциите на учениците на патот кон вработувањето. Учениците кои се дел од натпреварот добиваат сертификат за учеството и можност за вредна награда. Стануваат и дел од алумни клубот на организацијата „Џуниор ачивмент Македонија“, со што им се овозможува патување и поврзување со илјадници млади луѓе во Европа. (Крај)извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука