декември 6, 2021

Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро расте во континуитет веќе една недела.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,23 м.н.в, што е за 9 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,32 м.н.в), односно веќе 13 сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на езерската вода, измерена утрово е 10 степени, што е за 0,8 степени повисока од просекот за овој период од годината.

Кон крајот на ноември нивото на водата три дена беше на минимално дозволенат акота, но благодарение на врнежите од доджд и снег што ги имаме периодов се подбри хидролошката состојба, па така за десет дена нивото е покачено за 13 сантиметри.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство, управа работи (споредба табела водостои прикажани реките природните езера ретходниот ден тенденција наредниот ден) 06.12.2021 cm измерени 05.12.21 07:30 егуновце вардар вардар 56 06.12.21 69 80 велес д.капила- вардар 07.12.21 просек 124 декември лепенец 98 99 84 145 m 38 15 бабуна 35 76 15 н.село 28 црна река 65 32 86 60 110 -радика 106 103 32 69 115 измерени 30 146.80 847.60м 146.80 842.13 842.13 693. табела температури 693.22 = 693.23 843.77 наколец- охрид -ез.охрид 9.6 693.32 10.0 на преспанско минимум 842.25 (ΜΗΜ). xc "наколец" (см) одобрил: површински директор, муртезанов нивна обработка корекција лизание“

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, управа хидрометеоролошки работи табела неделна хидролошка реките природните 07:30 легуновце вардар 03.12.21 98 98 82 87 6.12.21 88 103 70 112 190 56 треска 86 91 65 32 10 122 125 68 128 85 70 28 70 пчина 122 61 берово- 89 91 -струмица 60 210 75 236 70 90 65 178 83 120 51 87 36 100 45 табела 86 66 32 MHM преспа 69 146.80 нд 146.80 146.80 вода 7:30 693.22 охрид 693.23 10.0 7.0 10.0 7.0 9.8 8.0 10.0 изработил: гм 10.0 9.2 одобрил:вс в.ддиректор, муртезанов акумулации надвор редовниот понатамошна обработка корекција вештачко влијание“

Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– Под влијание на влажен бран денес и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, а денес на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м² воден талог. Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите утре ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, главно во северните и источните делови. Во среда и четврток претпладне ќе има стабилизација со разведрување и ниски утрински температури, а потоа повторно следува период на променливо време со повремен дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука