Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Избрани најдобрите поетски творби во чест на Св. Климент Охридски

Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Избрани се најдобрите поетски творби на Конкурсoт за најдобра поетска творба што го распишува градоначалникот на општина Охрид по повод Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид, за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта.

Oд вкупно 72 пристигнати поетски творби посветени на животот и делото на Св. Климент Охридски, жири- комисијата во состав: Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Огненова (член) и Перчо Божиновски (член) донесе одлука за избор на најдобрите творби:

Наградата во I категорија (за ученици од одделенска настава – од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната: „Песна за Св. Климент“ под шифра „МКД013“.
Наградата во II категорија (за ученици од предметна настава – од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на песната „Климент Охридски“, под шифра „Роза“.
Наградата во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да и се додели на песната: „Св. Климент Охридски“, под шифра „Самај“.

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до вторник, 7-ми декември 2021 гoдина, до 12:00 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука