Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со Министерката за култура Ирена Стефоска

Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков денес оствари средба со Министерската за култура во Владата на Република Македонија Ирена Стефоска.

На средбата било разговарано за активностите што се реализираат како и за активности кои треба да се преземат во насока на зачувување на статусот заштитено подрачје од УНЕСКО.

– Градоначалникот ја информираше Министерката за чекорите кои што Локалната самоуправа ги презема и за средбите што ги остварил со претставници на институции поврзани со оваа тематика. Министерката за култура, истакна дека Министерството целосно стои на располагање на Општина Охрид за сите активности кои треба да се преземат и дека ќе учествува во посредување на остварување средби помеѓу градоначалникот и сите релевантни институции од државата и странство. Беше констатирано дека од заеднички интерес е да се продолжи со веќе воспоставената практика во решавањето на препреките, информираат од кабинетот на Пецаков. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука