Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд и температура до 6. степени

Охрид, 7. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и постудено време со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен северен ветер.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.

– Денес ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег во текот на денот ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утре и во четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука