Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Влатко Стефановски го доби најголемото дискографско признание во Хрватска

Загреб, 9. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Multi-platinum award на Хрватска дискографска удруга, најголемото дискографско признание во Хрватска, за исклучителни дискографски достигнувања во музиката му беше врачена на Влатко Стефановски, македонскиот музички амбасадор и еден од најзначајните гитаристи и кантавтори во регионот.

Големото признание му беше врачено на концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб, каде со својата екипа настапи на 7-ми декември, и тоа лично од рацете на Желимир Бабогредац, председател на Хрватска дискографска удруга и директор на Croatia Records.

Влатко на регионална музичка сцена, а и пошироко, е познат како водач на култните „Леб и сол“, по што изгради успешна соло-кариера. Освен на полето на рок музиката, Стефановски е успешен и како композитор на театарска и филмска музика, но и како учесник на многубројните проекти со светски музичари. Вистински музички амбасадор.

На концертот во Загреб Влатко го промовираше актуелниот албум „Taftalidze Shufle“, настапувајќи со своето Трио, во кое е неговиот син Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукуќ (бас гитара), на кое му се приклучи и Дамир Имери на клавијатури и Хемонд оргуљи, па во еден миг тоа стана квартет.

Два и пол часовниот концерт започна со легендарната „Успаванка за Радмилу М.“, а во македонскиот традиционал „Елено, ќерко“, на сцената се придружи и Раде Шербеџија, кој, зборувајќи за соработката со Влатко, кажа: „Искреното пријателство е најважно од се“. Нивното пријателство трае цели 40 години… (Крај)

извор: Ivan Beckovic фото: Самир Цериќ Ковачевиќ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука